влечка
влечкаат; влечкал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3721
1.
Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината.
Примери:
Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата.
Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.
3.
Носи, тешко движејќи се.
Примери:
Болничарите ги влечкаа ранетите настрана.
4.
Носи со својот тек.
Примери:
Дотечените реки влечкаа дрвја и камење.
6.
(се влечка) Тешко, бавно се движи, оди или лази.
Примери:
Сакатиот се влечкаше на левиот колк и десната рака.
7.
(се влечка) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Примери:
Панталоните му се влечкаа по тревата.
8.
(се влечка) Бавно ги врши работите.
Примери:
Таа цел ден се влечка и ручекот пак не е готов навреме.
Изведенки
влечкање ср.
глаг. им.
Пример: Без влечкање.
глаг. им.
Пример: Без влечкање.