а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вир

мн. вирови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3727
1. Длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли.
Англиски: swirl Албански: vorbull
Примери:
Вирот што го направивме во реката не беше подлабок од мишките.
Од железничкиот мост надолу почнуваа опасни вирови.
2. Вдлабнатина, корито каде што се собира вода.
Англиски: puddle Албански: pellg, llogaçe
Примери:
Вирот се полни од пролетните дождови, но испарува од летните денови.
Изрази
Вир-вода - мокар до гола кожа.
Изведенки
1. вириште ср.
мн. виришта
аугм.
2. вирче ср.
мн. вирчиња
дем.