а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вештерка

мн. вештерки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5064
1. Во суеверието, жена која има натприродна моќ, се дружи со ѓаволот и им штети на луѓето.
Англиски: witch Албански: shtrigë
Примери:
Вештерките од Салем
лоша вештерка
2. грозна, стара, непријатна жена
Англиски: witch Албански: shtrigë
Употреба: Преносно значење
Изрази
Лов на вештерки - политичка акција против неистомисленици.
Лов на вештерки - во минатото убивање, спалување на жени кои се сметале за вештерки.