а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

велосипед

мн. велосипеди
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4216
Превозно средство на две тркала што возачот го движи со нозете.
Англиски: bicycle
Употреба: Спорт , Транспорт
Примери:
Врвеа луѓе на велосипеди во правец на фабричкиот дел на градот.
детски велосипед
женски велосипед
Благородна секој ден вози велосипед по кејот на Вардар.