вари
варат; варел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3772
1.
Готви храна во вода со загревање до степен на вриење.
Примери:
Вари компири.
Вари качамак.
Слично со:
готви (несв.)
2.
Добива производ со обработка на суровини преку загревање, варење, вриење.
Англиски:
distil
Албански:
ziej, distiloj
Вари ракија.
Слично со:
дестилира (св. и несв.)
3.
Преработување на храната во желудникот и цревата за да може организмот да ја асимилира.
Примери:
Стомакот тешко му вари и ако јаде подоцна, не ќе може да спие.
4.
(се вари) се готви, врие
Примери:
Од јадењето што се вареше на огнот, се ширеше пријатна миризба.
5.
(се вари) се подготвува
Примери:
Токму овдека се коваат и ткаат и се варат мајтапите.
Слично со:
приготвува (несв.)
6.
Загрева железо, метални делови за да ги спои.