бура
мн. бури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2590
1.
Силен студен ветер со невреме, обично со дожд или снег.
Примери:
Малото облаче се претвори во силна бура.
Се очекуваше езерска бура.
песочна бура
снежна бура
2.
Настан што предизвикува многу немир, превирања и тешкотии.
Примери:
Со малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите вакви досега.