бумеранг
мн. бумеранзи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 20467
Вид оружје на австралиските домородци во вид на срп, кое се враќа на местото од каде што е фрлено ако не ја погоди целта.
Англиски:
boomerang
Домородците биле вооружени со копја и дрвени бумеранзи.
Изрази
Бумеранг ефект - постапка што се свртува против тој што ја направил, кога еден став или општествена дејност предизвикува спротивен ефект од саканиот.