брканица
мн. брканици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12100
1.
Бркање, гонење воопшто.
Примери:
Опасната брканица по планината продолжува.
Слично со:
бркање (ср.)
2.
мешаница, метеж
Примери:
Додека траеше таа брканица, стана татко ѝ на Рума и им свика на сите да се смират.
Слично со:
метеж (м.)
3.
Вид детска игра со бркање.
Албански:
ndjekje
Кој ќе биде фатен, тој ќе брка, така се игра брканица.