а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бликне

бликнат; бликни, бликнете; бликнав, бликнаа; бликнал; бликнат; (ќе) бликнев, (ќе) бликнеа; (ќе) бликнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8402
1. Шурне, потече силно, изобилно.
Англиски: pour Албански: shpërthen
Примери:
Од челото му бликна крв и му го облеа лицето.
На жената и бликнаа солзи.
Бликнаа солзи ко немирни води.
2. Силно избие; се пројави наеднаш.
Англиски: gush Албански: shpërthen
Примери:
Житата и цвеќето само што не бликнале.
Овошките ќе пуштат корен и ластатарот ќе бликне.
Бликна од радост.
Изведенки
1. бликнува несв.
бликнуваат
2. бликнување ср.
глаг. им.