а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блесок

мн. блесоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3203
1. Силен, заслепувачки сјај, силен отсјај.
Англиски: flash Албански: shkëlqim, lustër, blic
Примери:
Блесок на месечева светлина.
Блесок на громови.
Утрински блесок.
Две сини очи истураа влажен блесок.
Чудесен блесок во очите.
2. раскош, убавина, сјај
Англиски: beauty Албански: shkëlqim, bukuri
Употреба: Преносно значење
Примери:
На сцената излезе убавицата со сиот свој блесок.