бледнее
бледнеат; бледнеј, бледнејте; бледнеев, бледнееја; бледнеел; бледнеен; бледнеејќи; бледнеав, бледнеаја; бледнеал; бледнеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 15088
1.
Станува блед, губи природна боја, руменило.
Примери:
Бледнеев од бес.
Детето бледнееше од страв.
2.
Губи сјај.
Примери:
Ѕвездите бледнеат во височината.
На исток по малку бледнее небото.
3.
Се губи, станува неизразит.
Примери:
Тие податоци бледнеат.
Неговата слава бледнееше.
Изведенки
бледнеење ср.
глаг. им.
глаг. им.