а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

балон

мн. балони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4701
1. Шупливо, еластично, по форма елипсовидно, топчесто тело, исполнето со гас полесен од воздухот за да може да се крева, да се движи високо над земјата, служи за летање, посматрање, мерење и сл.
Англиски: balloon Албански: tullumbace
Примери:
Направивме тура со балон над Луксор.
2. Детска играчка од еластична материја што се дуе.
Англиски: balloon Албански: tullumbace
Примери:
Кловнот нудеше балони што ги дуваше.
3. Меур воопшто, што личи на балон.
Англиски: bubble Албански: fluskë
4. Голем стаклен сад за течност (обично оплетен со прачки).
Албански: enë qelqi
Примери:
Држеше в раце балон од десетина литри.
Од искршените балони се цедеше вино.
Изрази
Пробен балон - (прен.) Вест или непроверен глас лансиран од анонимен извор.
Издишан балон (прен.) - неважен, спореден, без значење.
Изведенки
1. балонче ср.
мн. балончиња
дем.
Пример: Наточивме вино во балончето.
2. балонски прид.
балонскиот
Пример: балонски декорации