а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

баба

мн. баби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 532
1. мајка на родител
Англиски: grandma Албански: nënë e prindit
Примери:
мојата баба
2. стара жена
Англиски: old lady
Примери:
Баба Кумрија е најстара во селото.
3. мајка на сопругата
Англиски: mother-in-law
Примери:
Викнете ја бабата од зетот.
4. сопруга на дедо
Англиски: grandmother
Примери:
Со бабата некако си го живееме животот.
5. (само едн.) Последните три дена од месец март.
Примери:
Нека поминат бабите, па ќе одиш разголена.
6. Човек со слаба волја, нерешителен, неотпорен.
Англиски: weakling
Употреба: Преносно значење
Примери:
Како баба си.
7. Дел од воденицата, дебело дрво што се наоѓа во водата под чаркот, со едниот крај прицврстено во ѕидот, а со другиот поврзано со лостот што го држи растојанието меѓу камењата.
Изрази
Село гори (се плени), баба се чешла - кога се случуваат важни работи, некој се занимава со небитни нешта, се однесува безгрижно.
При многу баби детето килаво излегува - се префрла работата од еден на друг, а никој не се зафаќа да ја сработи.
Баба Марта - месец март.
Баба Рога - за заплашување на децата.
Изведенки
1. бабиште ср.
мн. бабишта
пејор.
2. бабетина ж.
мн. бабетини
пејор.