акумулатор
мн. акумулатори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15725
1.
Складиште на електрична енергија, апарат во кој се собира резервна електрична енергија.
Примери:
Акумулаторот е веќе на дотрошување.
2.
Систем преку кој се врши трансформација на хемиската во електрична енергија, генератор на еднонасочна струја.
Примери:
Загревањето на овие супстанции е во функција на акумулатор во производството на електрицитет.