Ѓурѓовден

Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9395
(само едн.) Христијански и народен празник посветен на св. Ѓорѓи, кој паѓа на 6 мај (23 април по стариот календар), за кој се врзани многу народни обичаи.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира и половина.
Изведенки
ѓурѓовденски прид.
ѓурѓовденскиот
Што е во врска со Ѓурѓовден, што се однесува на Ѓурѓовден.
Пример: ѓурѓовденска песна, ѓурѓовденско цвеќе, ѓурѓовденско билје