а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сопствен

сопствени
Вид збор: Придавка
Ранг: 253
1. Што се јавува како сопственост на некого.
Англиски: own Албански: i/e vet, personal
Примери:
Имаше сопствена куќа.
сопствен стан
За свои сопствени пари.
сопствен автомобил
2. Што е својствен само на некого.
Англиски: personal Албански: personal
Примери:
Веруваше во сопствените сили.
По сопствена желба.
сопствено мислење
3. Што природно припаѓа некому.
Англиски: own Албански: i/e vet
Примери:
Со своите сопствени очи.
Мисли со сопствената глава.
Се откажа од своето сопствено дете.
4. Својствен на определено лице, животно, предмет, што не се сврзува со друг.
Англиски: own Албански: i/e vet
Примери:
сопствена тежина
сопствена вредност