а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смолкне

смолкнат; смолкнал
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со влечење симне нешто од високо.
Англиски: bring down Албански: shkarkoj
Примери:
Одвај го смолкнале од ридот.
2. Симне облека некому, соблече.
Англиски: undress Албански: zhvesh
Употреба: Разговорно
Примери:
Смолкни му го палтото.
3. (се смолкне) Со влечење се спушти надолу.
Англиски: descend Албански: zbres
Примери:
Се смолкнало само.
4. (се смолкне) За облека - се свлече, падне.
Албански: tërheq
Употреба: Разговорно
Примери:
Ти се смолкнале панталоните.
5. (се смолкне) ослабне
Англиски: lose weight Албански: dobësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
За неколку дена види колку се смолкнав.