а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

објава

мн. објави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11860
1. Писмено или усно соопштение за нешто; јавно известување.
Англиски: announcement, posting Албански: njoftim
Примери:
Сите медиуми ја пренесоа објавата за штрајк на работниците.
2. Писмен документ што служи како легитимација.
Примери:
патна објава
3. Појава, почеток на некакво дејство, состојба, положба.
Англиски: declaration Албански: deklarat
Примери:
објава на војна
поетска објава