донесе
донесат; донесам, донеси, донесете; донесов, донесоа; донел, донесол, донесле; донесев, донесеа; донесел; донесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 200
1.
Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде.
Примери:
Донеси вода во ѓумовите.
Му донела нешто за јадење.
Бротчето донесе патници.
Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата.
Слично со:
пренесе (св.)
2.
Доведе некого од некаде до определено место.
Примери:
Зборувате како да ве донеле од улица.
Го донесе коњот до коритото на чешмата.
Тука патот ме донесе.
Некој му го донесе коњот што му го украдоа.
Слично со:
доведе (св.)
3.
Назначи некого на некое работно место, на некоја функција.
Примери:
Стариот учител го отстранија, нов донесоа.
Слично со:
назначи (св.)
4.
Даде некаква материјална корист некому (приход, добивка) или доведе до некакво признание (награда, победа).
Примери:
Лозјето му донесе добар приход.
Романот му ја донесе првата награда на конкурсот.
5.
Предизвика нешто, стане причина за нешто.
Примери:
Тој беше човек што може да донесе грижи.
Таа со себе донесе немир.
6.
Објави, усвои нешто (закон, пропис, заклучок).
Примери:
донесе одлука, донесе пресуда
донесе заклучок
Слично со:
објави (св.)
7.
Соопшти, пренесе глас, вест од некаде.
Англиски:
bring
Весниците ги донесоа првите резултати од изборите.
8.
Дојде, се случи нешто во текот на времето.
Примери:
Ноќта донесе рафали.
Тоа лето го донесе почетокот на војната.
Утрото донесе многу ладен воздух.
9.
За кокошка - престане да несе јајца.
Кокошките се стари, ќе донесат наскоро.
Изрази
Донесе срам - засрами, усрами некого.
Донесе на свет - роди дете, се породи.
Господ (го) донесе - дојде на време, токму тогаш кога треба.
Изведенки
1.
донесува несв.
донесуваат
донесуваат
2.
донесување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
донесувач м.
мн. донесувачи
Тој што донесува нешто.
мн. донесувачи
Тој што донесува нешто.