јагне

мн. јагниња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1933
1. младо од овца
Англиски: lamb Албански: qingj
Употреба: Зоологија
Примери:
На ливадата трчкаа јагниња.
2. кротко, мирно лице
Албански: qingj, person i butë
Употреба: Преносно значење
Изрази
Жртвено јагне - невина жртва што служи како пример за заплашување.
Кротко јагне од две мајки цица - со добро однесување може да се постигне повеќе.
Оди како јагне на клање - не се спротивставува и на најлошото, не дава отпор.
Изведенки
1. јагненце ср.
мн. јагненца
хип.
2. јагнуле ср.
мн. јагнулиња
хип.