јамболлија

мн. јамболлии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12578
Вид дебела волнена покривка со реси од едната страна, рачно изработена.
Англиски: shag pile
Примери:
Се покри со јамболлијата, но сѐ уште му студеше.
Се завитка со меката, бела јамболлија и се затопли.
Изведенки
1. јамболличе ср.
мн. јамболличиња
дем.
2. јамболија ж.
мн. јамболии