јавен
јавни
Вид збор: Придавка
Ранг: 654
1.
Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани.
Примери:
јавна расправа
јавна дискусија
јавен конкурс
Спротивно од:
таен (прид.)
2.
Што се однесува, што и припаѓа на целата општествена заедница.
Примери:
јавен објект
јавен ред и мир
јавна безбедност
јавен работник
јавна сопственост
Слично со:
општонароден (прид.)
Изрази
Јавна куќа - објект во кој легално работат проститутки; бордел.
Јавна тајна - нешто што сите го знаат, но никој не зборува за тоа отворено.
Јавно претпријатие – претпријатие што врши дејност од јавен интерес (железница, воздушен сообраќај, медиуми и сл.)
Јавно мислење - став на јавноста, на заедницата.