јавност

(едн.) јавноста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1967
1. Множество информирани и упатени граѓани што учествуваат во општествениот и политичкиот живот, а со својот активен однос го формираат и го изразуваат јавното мислење.
Англиски: public Албански: publik
Примери:
Македонската книжевна и културна јавност.
Европската фолклористичка јавност.
Пошироката јавност.
2. Својство на тоа што е јавно, отвореност.
Англиски: openness Албански: sinqerisht
Примери:
Јавност во работата на органите на власта.
3. Сфера на општествениот живот, различна од приватната.
Англиски: public Албански: publike
Примери:
Тој изнесе важни информации за случајот во јавноста.