што

Види и: што (зам.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 123
1. Во прашање за причината на дејството.
Англиски: why
Примери:
Што си замислен?
Што ме гледаш така?
2. Во прашање за вредноста на нешто; колку?
Англиски: how much
Примери:
Кажи ми сега што ти чини сето ова, па да ти платам.
Што вреди (чини) оваа нива? Ништо!
3. Со компаративи на прилози и придавки; колку може, колку што може.
Англиски: as much
Примери:
Гледај што побргу (колку што може побргу) да се вратиш.
Што подобро.
Нека биде што поголем (колку што може поголем).
4. При изразување желба.
Англиски: why
Примери:
Ех, што не е тука сега татко ти, да те види како работиш.
5. Во извични реченици - за израз на восхит, чудење, укор; колку, колку многу, како многу.
Примери:
Што е прав внатре! (колку многу прав има внатре!)
Што сме се смееле! До солзи!
Што е убаво езерото!
6. Во состав со повторен глагол означува дека дејството се извршува пократко време, само, извесно време.
Примери:
Чекал што чекал, па си отишол.
7. Со повторен глагол „прави“, „чини“ во идно време.
Примери:
Прави што ќе правиш.
8. Во состав со: каде, како, колку.
Примери:
Каде што сакаш, таму ќе одиме.
Како што разбрав, сите ќе одиме, така?
Езерово не е многу длабоко колку што видов.
9. (во состав со туку) што туку, туку што
Примери:
Што туку викаш.
Не е важно кога, туку што вечераш.