чифт

мн. чифтови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10037
1. Два еднакви предмета што се носат, се употребуваат заедно и истовремено.
Англиски: pair Турски: çift Албански: çift
Примери:
два чифта чорапи
еден чифт
дванаесет чифта вреќи
чифт пиштоли
2. Алишта со два еднакви дела и воопшто комплетна облека.
Англиски: double Албански: dyfish
Примери:
еден чифт панталони
еден чифт промена
3. Две еднакви животни, како двојка за спрегнување или за размножување.
Англиски: pair Албански: palë
Примери:
Кола со два чифта волови.
Тргнале сите животинки чифт по чифт.
4. Два еднакви предмета што се продаваат и се пресметуваат по два.
Англиски: two Албански: dy
Примери:
чифт јајца
чифт чорапи
5. парен број
Англиски: even Албански: çift
Примери:
чифт или тек, чифт-тек