утроба

мн. утроби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1614
1. Внатрешните органи кај жена или женско животно каде што се развива плодот.
Англиски: womb Албански: mitër
Употреба: Анатомија
Примери:
И децата во утробите мајкини (мајчини) пропиштија.
2. Трбушната внатрешност воопшто.
Англиски: bowel Албански: brendësi barku
Употреба: Анатомија
Примери:
Ми се слоши дури во утробата.
3. Длабоката внатрешност на нешто.
Англиски: inside Албански: brendësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во утробата на земјата.