успех

мн. успеси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1135
1. Позитивен резултат, успешно постигање на нешто.
Англиски: success Албански: sukses
Примери:
Успеси во изградбата на земјата.
Успеси во работата.
Успеси во животот.
2. Во учење, постигнат степен во совладувањето на учебниот материјал, во знаењето.
Англиски: grade Албански: notë
Употреба: Образование
Примери:
Ја заврши гимназијата со одличен успех.
Многу добар успех
Учениците од нашето одделение покажаа слаб успех.