умре

умрат; умрам; умри, умрете; умрев, умреа; умрел; умрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 465
1. (непреод.) Престане да живее, почине.
Англиски: die Српски: умрети Албански: vdes Бугарски: умирам
Примери:
Умре од болест.
Умре со природна смрт.
2. (непреод.) Престане да постои, исчезне.
Англиски: decease Албански: vdes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Умре лихварството, нема веќе леб без мака.
Умре тоа (таа работа).
3. (непреод.) Со предлогот „од“: покажува дека се почувствувало нешто или дека во голема мера се вршело дејството означено со именката.
Англиски: die Албански: vdes nga
Примери:
Денеска умрев од работа.
Умре од досада.
Умре од чекање.
(разг.) Умре од мака.
Умре од смеа, од срам.
4. (непреод.) Со предлогот „за“, „по“: чувствува силна желба за нешто, силно влечење кон нешто.
Англиски: die Албански: vdes për
Примери:
Умре, сиромав, за нова промена (костум).
Умрев за јадење, не можам повеќе да чекам.
Умре по (за) неа.
5. (преод.) Предизвика нечија смрт.
Англиски: kill Албански: mbys
Примери:
Го умреа стариот предвреме.
6. (преод.) намачи, убие
Англиски: kill Албански: mbys
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста бре, човеку, ме умре веќе, не можам да живеам со тебе.
Ме умре со своите секојдневни молби.
Изрази
Не умри магаре до зелена трева - долго ќе чекаш до ветеното.