умира

Види и: умре (св.)
умираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 868
1. (непреод.) Престанува да живее.
Англиски: die Албански: vdes
Примери:
Секој ден умираат по дваесет души.
Умира и не се предава.
Ни умира ни станува (за болен).
2. Се наоѓа на умирачка.
Англиски: die Албански: vdes
Примери:
Готов е ранетиот, умира веќе.
3. Исчезнува, престанува да постои.
Англиски: disappear Албански: vdes, zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Умираат старите обичаи.
4. (со предлогот „од“ и „за“) умре
Англиски: die Албански: vdes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Умира од љубов за неа.
5. (преод.) намачи, убие
Англиски: kill Албански: vras, zhduk
Употреба: Преносно значење