уметност

мн. уметности
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 332
1. Креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција.
Англиски: art Албански: art
Употреба: Уметност
Примери:
уметност и наука
ликовна уметност
историјата на уметноста
2. Врвно мајсторство во нешто.
Англиски: art
Употреба: Преносно значење
Примери:
уметноста на бизнисот
Изрази
Седма уметност - филмска уметност.