тука

Вид збор: Прилог
Ранг: 152
1. На тоа место.
Англиски: here Српски: ту Албански: këtu Бугарски: тук
Примери:
Ако не кажеш - тука, в затвор, ќе умреш.
2. Во тие услови, во тој случај.
Англиски: then
Примери:
Тука нема не знам и не можам.
3. Овде, при истакнување на присуството на некого.
Англиски: here
Примери:
Молчи, тука е тој, ќе те чуе.
Изрази
Ти не си тука - отсутен, занесен во нешто, не следи што се зборува, што се случува.