триста

Вид збор: Број
Ранг: 2721
Основен број трипати поголем од сто, се бележи со бројката 300.
Англиски: three hundred
Употреба: Математика , Разговорно
Примери:
(разг.) Триста маки, триста бели (видов, претрпев).
Триста стравови.
Триста чуда.
Триста мани (му најде).