топлина

топлината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 999
1. Како вид енергија.
Англиски: heat Албански: ngrohtësi, nxehtësi
Употреба: Физика
Примери:
Претворување на топлината во механичка работа.
2. Степен на загреаност на телата; својство на она што е топло.
Англиски: warmth Албански: nxehtësi
Примери:
Од неговата соба доаѓаше топлина и во мојата.
Во оваа облека не чувствувам никаква топлина.
3. За чувства и сл.
Англиски: warmth Албански: ngrohtësi, mirësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Топлина на чувствата.
Топлина на зборот, на стилот и сл.