ти

Вид збор: Заменка
Ранг: 73
1. (тебе, ти; тебе, те) Кратка или долга форма за индиректен објект од ти.
Англиски: you Српски: ти Албански: ti Бугарски: ти
Примери:
Ти реков.
Тебе ти велам.
2. Со посвојно значење - со именки за сродство во некои обрати.
Англиски: your
Примери:
Син ти, сестра ти.
Точно ли ти оди часовникот?
3. Во некои изрази со обопштено значење.
Примери:
Тешко е во туѓина, да немаш никого кој да ти дојде, кој „добар ден“ да ти каже.
Сѐ рамнина, до каде што ти очи гледаат.
4. Лична заменка за 2 лице еднина.
Англиски: you
Примери:
Ти и јас.
Е со некого на ти.
Од кога па ние на ти?
Му зборува на некого на ти.