типизација

типизацијата
Вид збор: Именка, женски род
1. За производството на нешто; подведување под некаков тип, образец.
Англиски: standardization Албански: standardizim
Употреба: Економија
Примери:
Типизација на производството на делови.
Типизација на технолошките процеси.
2. Распоредување, класификација по типови, по обрасци.
Англиски: classification Албански: klasifikim
Примери:
Типизација на езерата.
3. Во литературата и уметноста - одбирање на типичното и инкарнирање во уметнички ликови, форми.
Англиски: typification Албански: tipizim
Примери:
Типизацијата во делата на еден писател.