терезија

мн. терезии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12935
1. Направа за мерење тежина, со лост и два таса.
Англиски: scale Турски: terazi Албански: terezi, peshore
Примери:
(разг.) Рака не е терезија, да би можела се точно да поделам, на сите да угодам.
2. Ѕидарска направа за мерење на хоризонтална положба.
Англиски: spirit level Турски: terazi Албански: terezi, libelë
Употреба: Архитектура и градба , Разговорно
3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 24 септември до 23 октомври.
Англиски: Libra
Употреба: Астрономија