татко

мн. татковци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 83
1. родител
Англиски: parent Српски: отац Албански: atë Бугарски: баща Грчки: πατέρας
Примери:
татко и син
татковци и деца
Тој е цел како татка си.
брат (сестра) по татко
2. (обично во мн.) предок
Англиски: ancestor Албански: paraardhës
Примери:
За оваа слобода нашите татковци се бореле со векови.
3. духовен творец
Англиски: creator Албански: Krijues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е татко на нашата литература.
4. Оној што се однесува како вистински татко.
Англиски: father Албански: baba
Употреба: Преносно значење
Примери:
Татко на сиромаштијата.
Сега тој ми е и татко и мајка.
5. фамилијарно
Англиски: dad Албански: baba
Примери:
Утре ќе дојде татко.
Изрази
(посл.) Каков татко, таков син.
(разг.) Метне (истера) се на татка си.
Изведенки
тато м.
дем. и хип.