така

Вид збор: Сврзник
Ранг: 946
1. како... , така и (во еднаков степен)
Англиски: as well
Примери:
Тоа беше добро како за нас, така и за вас.
2. (во сложени сврзници) така што
Примери:
Кога стигнав тој веќе беше оздравел, така што немаше потреба да му го предадам лекот.
3. (Во сложени сврзници за воведување во нова реченица како заклучок за сѐ што се кажало пред тоа.) и така
Примери:
И така, јас го продадов имотот и се вратив во својата земја.
4. (во сложени сврзници) и така (и без тоа)
Англиски: anyhow
Примери:
Немој него да го тепаш, тој е и така готов.