така

Вид збор: Прилог
Ранг: 178
1. На тој начин, на истиот начин, на еден определен начин.
Англиски: so
Примери:
Ако тераш така, улавски, не верувам дека ќе стигнеш.
Како што ми рече, така постапив.
Многу време така му пеело петлето.
2. Во една определена положба, состојба.
Англиски: that way
Примери:
Прозорците беа испокршени од ветрот и така останаа цела зима, непоправени.
3. за количественост
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Тоа е така (толку) просто.
4. туку така (без повод, без причина)
Англиски: without reason
Примери:
Не оди тоа туку така.
5. исто така
Англиски: same
Примери:
Татковите зборови важат исто така и за тебе.
6. и вака и така
Англиски: somehow
Примери:
Како си? - И вака и така.