струже

стружат; стружи, стружете; стружев, стружеа; стружел; стружен; стружејќи; стругав, стругаа; стругал; струган
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8694
1. Мазни нешто со струг, пила, стакло и сл.
Англиски: plane Албански: gdhend
Примери:
Ја струже штицата.
2. Чисти нешто со струшка, нож и сл.
Англиски: scratch Албански: gërvin
Примери:
Го меси лебот и фати да ги струже ноќвите.
3. Чисти со триење.
Англиски: scratch Албански: gërvin
Примери:
Го струже паркетот со жица.
4. Изработува нешто со струг.
Англиски: turn Албански: sharroj
Примери:
Струже украсни столпчиња за оградата.
5. Реже штици со пила од дрвени трупци, или дрво на помали парчиња.
Англиски: saw Албански: sharroj
6. Ситни на ренде зеленчук или овошје.
Англиски: grate Албански: grij
Примери:
Го струже зеленчукот на ренде.
7. Пушта непријатен, резок звук.
Англиски: saw Албански: sharroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гласот му струже.
8. Свири лошо на некој инструмент со жици.
Англиски: fiddle Албански: sharroj
Употреба: Музика и танц , Пејоратив
Примери:
Везден стружеше на виолината.
9. Испушти звук при спиење.
Англиски: snore Албански: gërhij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Штом ќе заспие, веднаш почнува да струже.
10. За црви, глувци, инсекти - произведува, оддава еднолични, монотони звуци гризејќи и правејќи дупки во нешто.
Англиски: gnaw Албански: gërmis
Примери:
Во гредата струже некој црв.
11. (се струже) Симнува од себе нечистотија со триење.
Англиски: rub Албански: fërkoj
Примери:
Се струже со калта.
12. (се струже) Се бричи надве-натри, како било или со тап брич.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Се струже веќе два часа.