стругач

мн. стругачи
Вид збор: Именка, машки род
1. Оној што струже обработувајќи нешто со стругање.
2. Тоа со што се струже; алат за стругање.
3. Алат за собирање водни инсекти.
Примери:
Стругачот се влече по дното на водата и содржината од ситото на стругачот се префрла во сад.