страстен

страсниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 4805
1. Кој е проникнат со силно чувство; оддаден со страст кон нешто.
Англиски: passionate
Примери:
страстен пушач
страстен љубител на книгата
2. Исполнет со љубовна страст.
Англиски: passionate
Примери:
страсни бакнежи
страсна жена
Изрази
(црков.) Страсна недела - недела пред Велигден во која се слави споменот за страдањата на Исус Христос.