стих

мн. стихови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1503
1. Одделен ред во стихотворба.
Англиски: verse Албански: strofë
Употреба: Лингвистика
Примери:
Го запамети само последниот стих.
2. (само мн.) стихотворба
Англиски: poetry Албански: vjershë
Употреба: Литература
Примери:
Тој почна да пишува стихови уште во гимназијата.
Изведенки
стиховен прид.
стиховниот
Пример: стиховен ритам