станица

мн. станици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 819
1. Место каде што запираат возови и други превозни средства.
Англиски: station Албански: stacion
Употреба: Транспорт
Примери:
Возот влезе во станицата.
На таа станица автобусот не запре.
Шеф на станицата.
2. Зградата на такво место со простории за персоналот и патниците.
Англиски: station Албански: stacion
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Изградија убава станица.
Авиони ја бомбардираа станицата.
3. Специјална установа за определени услуги.
Англиски: station
Примери:
радиостаница
Здравствена станица.
Метеоролошка станица.