скут
мн. скутови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2597
1.
Делот околу бедрата и мевот на седнат човек.
Примери:
Му седнало на деда си в скут.
Да ти легне на скутот.
2.
Предниот долен дел на долга облека.
Албански:
prehër
Го завратил скутот.
Слично со:
пеш (м.)
3.
Како мерка, грст.
Примери:
Еден скут круши.
(нар. поез.) Смил Смилјана смилно цвеќе брала, / што набрала три скута и рака.
Слично со:
грст (м.)
Изрази
Се фрла во скутот (на некого) - е во блиски роднински односи, брат, сестра.
Го седна во скут - му заповеда, прави да се однесува по негова волја.