скут

мн. скутови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2597
1. Делот околу бедрата и мевот на седнат човек.
Англиски: lap Албански: prehër
Употреба: Анатомија
Примери:
Му седнало на деда си в скут.
Да ти легне на скутот.
2. Предниот долен дел на долга облека.
Албански: prehër
Примери:
Го завратил скутот.
3. Како мерка, грст.
Англиски: lap Албански: grusht
Примери:
Еден скут круши.
(нар. поез.) Смил Смилјана смилно цвеќе брала, / што набрала три скута и рака.
Изрази
Се фрла во скутот (на некого) - е во блиски роднински односи, брат, сестра.
Го седна во скут - му заповеда, прави да се однесува по негова волја.