село

мн. села
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 126
1. Мало населено место.
Англиски: village Албански: fshat
Примери:
Живее на село.
Оди на село.
Села и градови.
2. Населението на вакво место.
Англиски: people Албански: popullsi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Целото село се собра пред црквата.
Целото село учествуваше во бербата.
Изрази
(посл.) Врзан поп - мирно село.
Нашол село без кучиња (та тргнал без стап).
(посл.) Секое село - свој закон.
(посл.) Село се плени, баба се чешла.
Село фали, в град седи.
Тоа се шпански села за него.