ролја

мн. ролји
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11406
1. Драмски лик што се исполнува од артист на сцена, филм и сл.
Англиски: role Албански: rol
Употреба: Сцена
Примери:
Тој ги имаше секогаш главните ролји.
(разг.) Игра важна (голема) ролја.
2. Текстот на одделен артист.
Англиски: role Албански: rol
Употреба: Сцена
Примери:
Сериозно ја учеше својата ролја.
3. Работа, служба во својството на некој.
Англиски: role Албански: rol
Примери:
Тој ја зеде на себе ролјата на раководител.
4. Мера на влијание, степен на учество во некое дело.
Англиски: part Албански: pjes
Примери:
Ролјата на личноста во историјата.
Прогресивната ролја на уметниците.