ракетарство

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
1. Аматерска изработка на летала на реактивен погон.
Примери:
Вчера се одржа натпревар по ракетарство.
2. Умешност и вештина во изведување огномети со ракети.
Англиски: firework
Примери:
Тие прават многу добри огномети бидејќи добро ги познаваат техниките на ракетарството.
Барутот се употребува и во ракетарството.