подразбере

подразберат; подразбери, подразберете; подразбрав, подразбраа; подразбрал; (ќе) подразберев, (ќе) подразбереа; (ќе) подразберел; подразбран
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22456
1. Разбере, дознае нешто малку, во некоја мера, само донекаде.
Англиски: find out Албански: zbuloj
Примери:
Прошета по чаршијата и подразбра дека нешто сериозно се случува.
Гледај да подразбереш кога ќе нападнат.
2. Разбере, сфати од нешто по малку, донекаде.
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Подразбра ли што кажа овој?
3. (се подразбере) Заемно се разбере со некого.
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Тие како да се подразбраа со поглед.